НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува судењето за уништување на документацијата за „Тврдина“

0
By Нова ТВ on November 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да започне судењето за седумтемина обвинети за уништување на документи поврзани со уништување на опремата за нелегално прислушување, за која СЈО го отвори случајот Тврдина.

Првообвинет е поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, кого СЈО го товари за  фалсификување службена исправа, односно за уништување на документацијата поврзната со двата системи од нелегалното прислушување. Овие системи, според СЈО, лани биле уништени во нестаандардна постапка. И останатите шестмина обвинети се товарат за незаконско уништување на документација која, како што информираа во СЈО, била потребна во истрагата за откривање на начинот на кој Управата за безбедност и контраразузнавање вршела прислушување.

Како што јавува репортерот на НОВА, обвинителите и обвинетите пристигнаа во судската зграда.

Инаку, на првото рочиште на 4 ноември, СЈО, кое го поднесе обвинението, побара изземање на судијката Лидија Петровска, која беше спомената во една од „бомбите“, аудиоснимките кои СДСМ ги објави. Од разговорот меѓу судијката Софија Лаличиќ и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, можеше да се слушне и името на Петровска која наводно давала „сваровски“ подароци за да биде унапредена во кариерата.

Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, го одби барањето, а неговата одлука ја потврди и Апелацискиот суд Скопје.

За што се товарат обвинетите? 

Во случајот Тврдина, СЈО тврди дека началниците сокриле дека ќе се уништуваат два система за прислушување

Од Обвинителството тврдат дека првоосомничениот началник Горан Грујевски, издал усна наредба до други раководители со цел да прикаже дека постои „наводна потреба“ за ништење и бришење од евиденцијата опрема поради техничка застареност. Целта според нив била да прикрие други лица дека неовластено прислушувале

Тој до второосомничениот доставил предлог да се формира Комисија за попис, ништење и бришење од евидениција и од листата на опремата. Истовремено, според СЈО, тој незаконски предложил членови за Комисија за попис на опремата.

tvrdina

По наредба вториот началник доставил Предлог за формирање на Комисија за попис до секторот за правни работи. Иако секторот укажал на недоследности, сепак вториот началник не дал појаснување, со цел да скрие дека ќе се уништуваат и два система за следење на комуникациите. Иако не добиле појаснување, од Секторот го изготвиле решението по напатствијата дадени од министерката Јанкулоска.

„Кон крајот на март минатата година, министерот за внатрешни без да ги земе предвид законите за постапување со класифицирани информации, без барање на сите организации во УБК, формирала Комисија за попис, расходување, ништење и бришење од евиденцијата и од листата на задолжување на системи и техничка опрема во Управата за безбедност и контраразузнавање. Јанкулоска не зела в предвид ниту дали избраните членовите на Комисијата се поставени согласно закон “, посочи обвинителката Ристовска, на прес конференцијата на која беше презентиран случајот Тврдина.

Веднаш потоа формираната Комисија ја попишала опремата. Се работи за системи од кои едниот бил исклучен уште во 2008, додека останатиот се уште работел. Лицата задолжени за ракување со системот за следење на комуникации го исклучиле системот за следење на комуникации кој тогаш бил во употреба.

Грујовски судење Тврдина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.