Словенката Илка Штухец е сензационална победничка на првиот женски спуст во новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање што вечерва се возеше во Лејк Луис. Времето со кое 26 годишната девојка од Марибор го дофати првиот подиум во кариерата беше 1:45,48 минути. Нејзин најдобар резултат досега беше четвртото место во супервелеслалом во Бивер Крик во 2013 година.
Второто место во канадскиот зимски центар го освои Италијанката Софија Гоџа (+22 стотинки), трета беше Кајса Клинг од Шведска (+31 стотинка). Австријката Лара Гут, која важеше за најголема фаворитка за победа, на крајот мораше да се задоволи со пласман за водечката тројка (+69 стотинки). Утревечер во Лејк Луис ќе следува уште еден спуст.