Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛП: Укинување на програмата Кембриџ

0
By Нова ТВ on December 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 3, 2016 14:11

Либералната партија денеска преку соопштение потсетува на аномалиите во македонското образование, кое довеле до тоа системот да биде како што велат, без тежина.

– Македонија е земја во која со векови наназад  образованието активно дејствувало и давало свои плодови. Со Охридската книжевна школа како најстара научна институција на подрачјето на Македонија ние сме познати на светски ранг. За жал нашето сегашно образование  доживеа такви девијации кои го доведоа до непрепознатливост. Од некогашниот квалитет и стандарди малку што остана.

Констатираме дека денес како и години наназад нашите актуелни функционери и политичари заборавија на најважната категорија, а тоа се децата  и просветните работници, се вели во соопштението.

Од ЛП повикуваат на враќање на достоинството на наставниците и професорите, да се тргне психолошката тензија од закани, санкции, страв за работното место, непотребен надзор, да се ослободат наставниците од ,,административното ропство“ во кое насилно се ставени.

– За таа цел Комисијата за образование на Либералната партија со изработи пакет мерки, кои мораат да бидат спроведени веднаш по доаѓањето на новата власт, и ова се дел од нив:

– Итно укинување на програмата ,,Кембриџ“ во одделенска и предметна настава.

– Укинување на интегрално оценување на наставниците од основните и средните училишта  кое се врши на  три години.

– Укинување на наметнатиот правилник на интерно екстерно тестирање на наставници на крајот од секоја учебна година.

– Укинување на барањето за пишување секојдневни дневни подготовки на наставниците бидејќи годишна програма и тематските (месечни) подготовки се сосем доволни за квалитетна настава.

– Укинување на екстерното оценување и за предметна настава.

– Неделниот фонд на часови (особено во одделенска настава) мора да се намали и врати на класични стандарди.

– Враќање на бројчаното оценување на учениците од 1-3 одд. бидејќи описните извештаи се немотивирачки за учениците, се губи смислата за натпревар,  за јасна оценка која дава поттик.

– Зголемување на платите на професорите од предучилишното и основното  образование. Во најмала мерка тие треба да се изедначени со средното образование.

– Категорично НЕ за таканаречената ,,Академијата за наставници“ и нејзините привремени лиценци.

– Вреднување на постојниот степен на образование кај наставниците (со 7 степен) како и дополнително плаќање на наставници магистри и доктори на науки.

– Измени во бројот на ученици во паралелките на максимум 25.

– Промена на возраста за упис на првачиња за една година повеќе ( 6-7 години).

– Укинување на наметнатиот правилник за домашни задачи, по кој наставниците во училиштата мораат да работат.

– Укинување на одредбата во 30 проценти од наставата да има застапено ИKT технологија бидејќи тоа треба да е автономна работа на наставниците и учениците во зависност од условите.  Однапред диригираната бројност е неправилна.

– Укинуваење на еден од двата идентични дневници.

–  Зголемување на платата на наставнците кои работат со паралелки каде има деца со пречки во развојот.

–  Надополнување и прецизирање на законот за инклузија за децата со  посебни образовни потреби.

– Укинување на досиејата за ученици.

– Остварување на можноста наставниците да одат во пензија и со работен стаж (35 год).

– Констатираме аномалии и во високото образование како на пример, неусогласеност помеѓу бројот на запишани студенти и потребата за работа.

Од ЛП сметаат дека Министерството за образование и наука мора да го зголеми  буџетот за учество на универзитетските професори на конференции и научни усовршувања.

-Предлагаме укинување на ,,Болоњскиот систем“ кој се покажа несоодветен кај нас и доведе до намалено знаење кај студентите. Пропишаниот ограничен материјал за изучување создаде површност.  Проблемите со ,,импакт факторот“ се големи а за жал, кај нас во повеќе студиски области непостојат списанија со импакт фактор. Затоа професорите мораат да објавуваат во странство, тоа скапо се плаќа а  на објавувањето се чека подолго време.  Враќањето на високото образование на испробаните стандарди и традиции е неопходност, се вели во соопштението.

ЛП образование
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.