Јужноамериканската фудбалска асоцијација (КОНМЕБОЛ) и официјално соопшти – Шапекоенсе е победник во Копа Судамерикана. Бразилскиот клуб требаше да игра во финалето против Атлетико Насионал, но авионот со кој патуваше се урна во Колумбија и во несреќата загинаа 19 негови фудбалери. Противникот од Колумбија веднаш најави дека го предава финалниот двомеч и поведе иницијатива за административно доделување на пехарот за екипата од Шапеко.
„КОНМЕБОЛ реши да го прогласи Шапекоенсе за освојувач на Копа Судамерикана за 2016 година со сите спортски и економски прерогативи што се подразбираат“, стои меѓудругото во соопштението на организацијата.
Шапекоенсе, како победник во Копа Судамерикана, во наредната сезона ќе игра во јужноамериканскиот Суперкуп и во новото издание на Копа Либертадорес.