НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мекдоналдс рестораните останаа затворени втор ден

0
By Нова ТВ on May 15, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Пет ресторани на „Мекдоналдс“ во Скопје се затворени веќе втор ден. Никој од сопствениците на македонската франшиза на најголемиот ланец за брза храна во светот не кажува што се случува.

На влезот на рестораните пишува дека тие се затворени од „интерни причини“, се шпекулира дека станува збор за вршење попис, како и за можност за менување на сопственик, но никој ништо точно не знае.

Франшизата за „Мекдоналдс“ рестораните во земјава ја поседува инвестициската групација М6, каде што доминантна сопственост има Свето Јаневски, поранешниот директор на „Пивара Скопје“, а во овие ресторани работат околу 200 лица. На вработените им е речено да не доаѓаат на работа во наредните денови, но никој не знае до кога.

Сепак, како и да се развиваат настаните, тешко може да се замисли дека Скопје на подолг рок ќе остане без Мекдоналдс ресторан. Ако актуелниот сопственик ги затвори постоечките, не би требало да има проблем некој друг да добие франшиза и да отвори други ресторани.

Ова, иако ситуацијата на Мекдоналдс во Македонија е поинаква споредено со развиените земји. Ако ланците за брза храна таму нудат најевтина храна, во земја како Македонија, каде цените на храната се најевтини во Европа, односно 49 отсто поевтини од просекот во Европската унија, на локалните угостители, сопствениците на ќебапчилници или на сендвичари не им е проблем да бидат конкурентни со Мекдоналдс кога станува збор за цената, но истовремено и да понудат храна на која локалното население е навикнато.

Покрај ова, во последно време во Скопје се појавуваат и комерцијални кујни, кои продаваат готови јадења од најразлични видови за употреба во домот и кои се сѐ попопуларни кај урбаното население, кое на овој начин за мали пари може да купи готов ручек после работа без да треба да готви и тоа по цени конкурентни на оние во Мекдоналдс.

Сепак, за Мекдоналдс во Скопје секогаш ќе има место – ако не за пет ресторани, тогаш сигурно барем за два или три.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.