Во Музејот на град Скопје вечерва ќе биде промовирана монографијата на Василие Поповиќ – Цицо, истакнат македонски сценограф и карикатурист од првата повоена генерација.
Промоцијата се одржува по повод Деновите на црногорската култура и наука, а е во организација на Заедницата на Црногорците и Амбасадата на Црна Гора во Република Македонија.
Уредник на монографијата е неговата ќерка Гордана Поповиќ – Васиќ, а промотори се проф. Јелена Ужина и проф. Владимир Величковски