Граѓаните кои дојдоа да гласаат на парламентарните избори велат дека очекуваат промени, подобар живот, отворање на нови работни места.
НОВА разговараше со неколку граѓани кои ги искажаа своите мислења за изборите и нивните очекувања .
На избирачкото место во средното медицинско училиште, заменик претседателот на избирачкиот одбор Бранислав Саркањац за НОВА изјави дека изборниот ден тече во најдобар ред. Не се забележани никакви нерегуларности.