Во финалето влегоа 10 држави меѓу кои Унгарија, Азербеџан, Грузија, Романија, Норвешка, Исланд, Ерменија, Финска, Малта и Грција
За пласман во финале на 18 мај, освен Есма и Лозано од Македонија, се натпреваруваше со претставниците од Летонија, Сан Марино, Азербејџан, Финска, Малта, Бугарија, Исланд, Грција, Израел, Ерменија, Унгарија, Норвешка, Албанија, Грузија, Швајцарија и Романија.
Десетте финалисти ќе ги избере рамноправно публиката и жирито, а оваа година дојде до промени во начинот на гласањето, така што сега ќе се оценуваат сите натпреварувачки песни, наместо поранешните правила кога бодовите од 1 до 12 се доделуваа само за десет најдобри песни според мислењето на публиката и жирито