За наставничката Жанета Петровска која на прославата на ВМРО-ДПМНЕ носеше погребален крст за Зоран Заев, ни полицијата ни обвинителството за сега нема да покренат пријава.
Обвинителот Антонио Јолевски во телефонски разговор за порталот САКАМ ДА КАЖАМ изјавил дека до сега не е доставена никаква пријава против наставничката.
Директорката на училиштето „Св. Кирил и Методиј“ Кристина Полизовска, како и Просветниот инспекторат во Битола денеска изјавија дека Петровска нема да биде казнета ни од школото, ни од инспекторатот, зашто настанот се случил на улица, а не во училиште.
Настанот го осудија и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.