Во МКЦ, вечерва се одржува третото издание се одржува фестивалот Здраво Млади, организаторите најавуваат интересни европски алтернативни групи и ди џеи.
„Loopstation“ атракцијата од Германија – Konrad Kuechenmeister, какафоничното лондонско машко-женско дуо „Bitches“, македонското гастарбајтерско електро поп дуо од Србија – „Ти“, атрактивниот дарк квартет „Girls Names“ од Северна Ирска, меланхоличната музичка мистерија од Канада – „Chinawoman“,исландска електро-поп формација „FM Belfast“, македонските рап акробати „Green Out“, кросовер електро дуото од скопскиот андерграунд „Кантон 6“, психоделичниот скопски бенд „The John“, домашните диџеи Game Over и Ulterior, како и најновото глобално денс чудо од Америка, основополжниците на juke/footwork сцената DJ Rashad & DJ Spinn.
За визуелизациите ќе се погрижат VJ Vjunk и VJ Vidbeat од Турција и „Random Doctors“ од Финска.
„Вака-така стигнавме до третото издание на најдрагото и најмалото чељаде на МКЦ.
Повторно без поддршка од институциите, повторно без поддршка од спонзори, Но, нема да се жалиме, даваме се’ од себа да бидеме силни и да ги издржиме детските болести на фестивалот за што ни треба поддршка“, велат организаторите на фестивалот „Здраво Млади“.