НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Добрите лекари фрустирани заминуваат оти работа има само за партиските

0
By Менче Атанасова Точи on December 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одливот на млади лекари во странство најмногу  се случува заради политичката состојба во државата, покажува истражувањето на Хелтгрупер.  Дури 70 проценти од лекарите кои заминале во странство се изјасниле дека биле принудени да се вработат само ако се член на одредена политичка партија. Она што е фрапантно, исто така е дека  90 од анкетираните , се изјасниле дека не размислуваат да се вратат назад во земјата. Според податоците од Лекарската комора, 600 лекари ја напуштиле државата во последните пет години, но оваа бројка не е прецизна бидејќи се однесува само на тие кои побарале документ со кој с е потврдува нивниот статус. Школувањето на секој од нив државата ја чини 60 000 евра.

„Странските држави имаат начин како да ги привлечат лекарите кои таму одат како готов кадар. Македонија нема стратегија како да ги задржи лекарите и с ето тоа за некоја година ќе се одрази катастрофално кога ќе почнат да се пензионираат сегашните лекари“, изјави Владимир Лазаревиќ од Хелтргупер.

Покрај лошата политичка клима,  лекарите ја напуштаат државата  и заради економската заработка и можноста за професионален развој.  Ваква состојна е констатирана и во Косово, Србија и Албанија.

„Во Србија младите лекари заминуваат од државата најмногу заради економски причини, односно ниските плати. Тие имаат можност да се вработат само доколку некој лекар се пензионира“, изјави Маја Крстиќ, Србија.

Истражувањето кое беше спроведено во Македонија, Албанија Србија и Косово отвори повеќе  прашања, отколку што даде одговори, рече Јехуда Неумарк, директор  на  школото за Јавно здравје во Ерусалим.

Поради овој тренд Македонија и другите земји од регионот се соочуваат со загуба на медицинскиот кадар кој ќе се одрази негативно врз здравствениот систем и квалитетот на здравствените услуги. Во сите четири земји кои се опфатени со истражувањето, не само што има тренд на миграција на лекарите во странство туку и од помалите градови кон главните.

За споредба, од Србија, секоја година се отселуваат по околу 600 лекари, во следниот петгодишен период планираат да заминат уште 3.000, а 2.600 се водат како невработени. Во Албанија работите се уште полоши. Според податоци во оваа држава има 1,1 доктор на 1.000 жители, а невработеноста е висока бидејќи вработувањето оди по партиска линија. Во Косово пак, има најмалку податоци, затоа што нема институција која може да ги собере тие податоци. Таму од 2009 та до 2013 година, за 81 процент е зголемен бројот на лекарите кои заминале во странство, најчесто во Германија како најпосакувана дестинација.

Целта на ова истражувањето е да се утврдат кои се причините заради кои лекарите заминуваат од сопствените држави.

Хелтгрупер истражувањето го направи со помош на средства обезбедени од универзитет во Швајцарија во рамки на Регионалната програма за истражувања и со Европскиот универзитет од Израел.

 

лекари одлив странство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.