Фатиме Сулејмани не сакала да гласа два пати, некој гласал во нејзино име, потврди вештачењето на графологот кој го проверуваше потписот на Сулејмани, информираше на седница претседателот на ДИК, Александар Чичаковски.
Членовите на комисијата поставени од ВМРО-ДПМНЕ бараат повторно во ДИК да се донесат претставниците на избирачкиот одбор и на Општинската изборна комисија и тие повторно да сведочат како дошло до оваа ситуација.
Инаку, Основното јавно обвинителство – Гостивар по допрен глас денеска оформил предмет и за наводите изнесени на вчерашната седница на Државната изборна комисија за гласањето на изборното место 0396/1 во Гостивар, за тврдење на едно лице дека му било оневозможено правото да гласа бидејќи некој претходно гласал во нејзино име, соопштија од јавното обвинителство.
„Надлежниот обвинител ги проверува наводите на гласачката во врска со дадените тврдења, односно дали таа била оневозможена да гласа затоа што претходно некој во нејзино име се потпишал во избирачкиот список или дали таа претходно сама го реализирала нејзиното право на глас. Предмет на проверка е и дали некој ги употребил нејзините документи со нејзина дозвола“, пишува во соопштението на обвинителството.
Вчера на седница на Државната изборна комисија, на која се разгледуваа приговорите поднесени од политичката партија, претставник на БЕСА образложи дека партијата поднела приговор затоа што на избирачко место во Гостивар на еден гласач му било оневозможено да гласа, затоа што веќе некој гласал во нејзино име.
„Кoгa oтидoв дa глaсaм ми рекoa декa не мoжaм дa глaсaм, зaтoa штo нa мoетo местo веќе имaлo пoтпис. Тoa не беше мoјoт пoтпис”, рече Фатиме Сулејмaни пред ДИК.
Членoвите нa избирaчкaтa кoмисијa пред ДИК сведочеа дека декa пoтписoт нa избирaчкиoт списoк се сoвпaѓaл сo oнoј вo личнaтa кaртa нa женaтa.