Атлетико Насионал го освои третото место на Светското клупско фудбалско првенство во Јапонија. Колумбискиот состав во малото финале го совлада Клуб Америка по подобро изведување на пенали сo 4:3 (мечот во регуларниот дел заврши 2:2).
Јужноамериканскиот претставник стигна до 2:0 со автоголот на Самуди во 6 минута и на Гера во 26 минута по што се чинеше дека ќе борбата за бронзенот медал ќе мине без драма. Но, до одморот мексиканскиот состав намали преку Арохо во 38 минута, а во второто полувреме и израмни со удар од белата точка на Орибе Пералта во 66 минута.
Мечот за светската клупска титула почнува во 11,30 часот по средноевропско време. Во него ќе играат Реал Мадрид и јапонска Кашима антлерс.