https://www.youtube.com/watch?v=F20AE44m2DU
Се поизвесно е дека синоќешниот напад на божиќниот панаѓур во Берлин во кој животот го изгубија 12 лица е терористички напад, што го извршил напаѓач бегалец кој во Германија пристигнал преку балканската рута.
Полицијата во текот на ноќта сослушала едно лице ососмничено за нападот, а според германските медиуми добиени се сознанија дека се работи за терористички напад.
Полицијата соопшти дека се работи за намерно управување на камионот во масата луѓе како и тоа дека е можно да се работи за терористички напад.
Оваа информација до рано утрово не беше експлоатирана, и се до синоќа беше оставена можност дека сепак се работи за несреќа.
Според пишувањето на дневниот весник Велт безбедносните власти веќе со денови имале информации дека е можен терористички напад и дека дури и една од целите е божиќен панаѓур во Берлин.
Во врска со осомничениот, медиумите пренесуваат дека тој во Германија дошол преку балканската рута и дека живеел во бегалски центар во Берлин.
Во Германија, како што тврдат медимите, ова лице со потекло од Пакистан, дошло од Австрија, преку преминот Пасау. Инаку полицијата според Велт му е благодарна на едно лице за фаќање на осомничениот напаѓач.
Наводно едно лице веднаш по нападот трчал по напаѓачот кој бегал од местото. За време на следење на осомничениот тој преку телефон ја информирал полицијата за движењето. На совозоачкото место во каминот било лице Пољак, кое било пронајдено мртво.
Според полицијата можно е да се работи за лице кое работело за полска фирма и со кого компанијата вчера попладне изгубила контакт.
Полицијата тргнува од фактот дека камионот бил украден уште во Полска, а одредени медими пренесоа дека возачот Пољак кој е пронајден мртов на совозачкото место убиен со пиштол, а не како то беше претходно објавено дека загинал во сударот.
Поради тоа се претпоставува дека напаѓачот прво го убил возачот па го зел камионот со кој го извршил терористичкиот напад.
Њујорк пост вчера објави дека исламската држава ја презеде одговорноста за вечерашната трагедија во Берлин, повикувајќи се на порака на профили на социјалните мрежи што се поврзани со терористичката организација.
Очевидци на трагедијата вчера тврдеа дека според начинот на кој камионот влетал на панаѓурот, најверојатно се работи за терористички напад.