Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ужас во Берлин: Луѓето вриштеа, камионот без кочење влета во саемот

1
By Нова ТВ on December 20, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 20, 2016 00:28

Најмалку девет лица го загубија животот, а 50 се повредени при налет на камион меѓу штандови на божиќен саем во Берлин. Властите се претпазливи во односот кон јавноста и избегнуваат да кажат дека се работи за терористички акт иако се упатува на такво нешто. Медиумите, пак, апелираат да не се создава паника и упатија до граѓаните да се воздржат од излегување на улиците.

„Нема шанси ова да не е тероризам. Камионот без кочење влета во топлата луѓе“, коментираат сведоци на ужасните сцени што потсетуваат на терористичкиот напад во Ница оваа година кога, исто така, камион влета во маса народ пришто однесе 80 човечки животи.

Социјалните мрежи се преплавени со фотографии од настанот. Засега нема информации за идентитетот на жртвите, полицијата порача дека ситуацијата е под контрола. Еден од напаѓачите е уапсен на 100-тина метри од возилото, совозачот загина на лице место.

„Луѓето вриштеа, фрлија се што носеа со себе и очајнички се обидуваа да го избегнат движењето на камионот. Не знаевме што се случува. Камионот само сврте кон масата луѓе. Видов како се движи низ саемот, под неговите тркала останаа неколку лица. Ситуацијата беше луда, полицијата брзо пристигна и ги евакуира посетителите на Божиќниот саем“, раскажува сведок на немилиот настан.

Германската полиција за агенцијата „ДПА“ потврди дека овој чин го третира како терористички напад. На граѓаните им е советувано да останат во своите домови.

„Отидoвме на саемот да уживаме во божиќните украси и греано вино. Одеднаш слушнавме силен удар. Од нашата лева сттрана почнаа да паѓаат украси и во еден момент видовме долг кампион како се пробива низ штандовите и луѓето“, вели Ема Раштон, еден од очевидците на настанот, за „Си-Ен-Ен“.

И таа, како и останатите што дадоа изјави за медиуми, смета дека ситуацијата воопшто не изгледала како несреќен случај.

„Возеше со голема брзина, можеби околу 80 километри на час. Штандот на кој бевме целосно е уништен. Кога излеговме од саемот видовме луѓе облеани во крв. Беа насекаде. Сакавме да помогнеме, но дојде полиција и медицински екипи, а ние се засолнивме во хотел“, додаде Раштон.

Камионот бил регистриран на фирма во Полска. Нејзиниот сопственик го изнајмил на двајцата возачи со кои, за германските медиуми, изјави дека загубил контакт по 16 часот попладнето.

„Њујорк пост“: Исламска држава ја презеде одговорноста за трагедијата

Исламска држава ја презеде одговорноста за вечерашната трагедија во Берлин во која камион влета на Божиќен саем. Како што пренесува „Њујорк тајмс“, таква порака се појавила на профили на социјалните мрежи што се поврзани со терористичката организација.

 

 

 

Берлин Божиќен саем жртви терористички напад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.