Германскиот државен обвинител вечерва соопшти дека е ослободен Пакистанецот кој вчера беше уапсен под сомнение дека го возел камионот со кој во Берлин беа усмртени 12 луѓе, бидејќи немало доволно докази што би го поврзале со тој случај.
„Осомничениот, кој е приведен поради напад на берлинскиот божиќен саем на 19 декември, е ослободен вечерва по налог на сојузниот обвинител“, се наведува во соопштението кое го пренесоа светските медиуми.
Уапсениот Пакистанец, кој минатата година побарал азил во Германија, демантирал дека на било каков начин е поврзан со тој напад, што бил окарактеризиран како терористички.
Полицијата го уапсила бидејќи одговарал на описот на возачот на камионот што го дале сведоците, но истражителите и форензичарите не успеале да пронајдат било каков доказ дека тој бил во кабината за време на нападот.
Поради тоа, јавниот обвинител немал основа да издаде формален налог за апсење, па човекот морал да биде ослободен.