НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да учествува во прегласување

0
By Нова ТВ on December 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По објавувањето на одлуката на Управниот суд дека е уважена тужбата на СДСМ и дека гласањето во Теарце ќе биде поништено, шефот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, одржа прес конференција само за провладините медиуми.

„СДСМ и нивните налогодавачи срамно продолжуваат со обидот за кражба на кристално чистата победа на ВМРО-ДПМНЕ на последните избори. Судиите од Управниот суд кои гласаа за уважување на тужбата на СДСМ донесоа противправна одлука водена од политички мотиви“, изјавил Тодоров за одбраните медиуми на неговата партија.

Тој обвини дека има сценариото за кражба на изборната победа, а тоа ги правело да бидат поцврсти, поодлучни и поединствени во нивната намера да ја одбранеле демократијата, затоа што биле на страната на народот, правдата, правото и вистината.

„И во тој контекст ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот искажан во прогласот на Извршниот комитет на партијата од саботата“, рекол Тодоров.

Во прогласот, кој пред Државната изборна комисија го прочита лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, една од точките беше дека „ако Управниот суд, под притисок од странство, ги потврди незаконските одлуки на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во прегласувањето, нема да ги признае резултатите и нема да му дозволи на „аболицираниот криминалец“ Зоран Заев да формира влада со фалсификување на волјата на граѓаните“.

 

ВМРО-ДПМНЕ Избори 2016 Никола Тодоров проглас теарце
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.