Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонската уметница нема да убива стаорци

0
By on May 19, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 19, 2013 20:04

По објавувањето на делото „Silentio Pathologia“ со кое Македонија ќе се претстави на 55. Венециско биенале, Н ациналната галерија се соочила со многубројни реакции, заради како што велат оттаму, погрешно протолкуваниот аспект на примената на кожите од стаорци во проектот. Односно се јавиле организации и поединци кои реагирале дека се убиваат живи суштества за да се користат во уметнички проект.

„Ја објаснивме природата на кожите на стаорците кои се применети во проектот. Имено авторката ниту поддржува, ниту пак било кога работела со уништување на живи суштества. Таа е против злоупотребата на животните и нивното убивање. За проектот Silentio Pathologia Хаџи-Василева користеше веќе умртвени лабораториски стаорци кои се користат за исхрана на животни во золошки градини и вообичаено се дел од режим на исхрана на големи птици и мамали, рептили и змии кои се чуваат во заробеништво. Примената на кожи од страна на авторката е имено во намера на потцртување на постојаниот нелегален пазар на животни, нивните кожи и други продукти во светот. Со презентирање на реалното на публиката, како дел од конструирано уметничко дело, луѓето се соочуваат со несокриената вистина за животните, пазарот со нив и комодификацијата на продукти од животни.

Живите стаорци пак се набавени од италијански набавувач на миленичиња и се тренирани како миленичиња, тие секојдневно се негуваат, и има постојана грижа за нив како што препорачуваат експертите за одгледување на стаорци.“ се вели во соопштението од Националната галерија на Македонија.

Инаку, речиси сите дела на авторката Елпида Хаџи-Василева се направени на начин да го рефлектираат местото и локацијата каде делото е направено и изложено и особено, таа користи отфрлени или рециклирани материјали.

„Никогаш не иницирала или нарачала, ниту пак имала намера, да повреди било какво животно“, велат од Националната галерија

Отворањето на македонскиот павилјон на Венециското биенале ќе се одржи на 31 мај, во 15 часот, последниот ден од трите денови (29,30,31 мај) пред Биеналето да се отвори за публиката, а кои се резервирани за стручната јавност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.