НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Компанијата „ЛаМиа“ виновна за авионската несреќа на Шапекоенсе

0
By Нова ТВ on December 25, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Авионската компанија „ЛаМиа“ е виновна за несреќата во која загинаа најголем дел од фудбалерите на Шапекоенсе, е заклучок по спроведената истрага на министерството на јавна управа на Боливија. Кобниот лет на бразилската екипа се случи на 29 ноември пришто животот го загубија вкупно 71 лице. Клубот од Шапеко патуваше во Меделин на финале против Атлетико Насионал во Копа Судамерикана, јужноамерикански пандан на Лига Европа на УЕФА. Падот на авионот го преживеаја шест патници и членови на екипажот.

„Доказите се јасни. Одговорноста за несреќата ја сносат компанијата и пилотот на авионот“, рече боливискиот министер Милтон Кларос.

Колумбиските истражители претходно излегоа со став дека компанијата ги прекршила прописите за минимално количество на гориво што и доведе до несреќата. Кога авионот останал без гориво се урна на 60-тина километри пред крај на летот.

Министерот Кларос најави и кривична пријава за Селија Кастедо, еден од челниците на аеродромот во Санта Круз де ла Сиера, која издала дозвола за лет иако знаела за финансиските проблеми на компанијата што штедела на гориво. Кастедо, веднаш по несреќата, пребега од Боливија во Бразил во потрага по азил.

Директорот на „ЛаМиа“, Густаво Варгас Гамбоа и неговиот син Густаво Варгар Вилјегас, поранешен службеник во боливиската агенција за цивилно воздухопловство, се наоѓаат во притвор во очекување на почеток на судскиот процес. Ко-сопственикот на агенцијата, Мигел Квирога, кој беше пилот во кобниот лет, го загуби животот во падот на авионот.

Компанијата „ЛаМиа“ објави дека на секое од семејствата на загинатите ќе исплати компензација од 165.000 долари.

авионска несреќа Боливија истрага Компанија ЛаМиа Шапекоенсе
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.