НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Провладините сили во Сирија го напаѓаат градот Кусеир

0
By Нова ТВ on May 20, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Државните медиуми во Сирија известуваат дека провладините сили вршат напади врз градот Кусеир, кој го држат бунтовниците и кој има стратешка позиција во близина на границата со Либан.

Ова аматерско видео, снимено во текот на викендот, покажува артилериски напади врз позициите на бутовниците.

„Асошиејтед Прес“ јавува дека 23 елитни борци на шиитската милитантна група Хизбула се убиени, додека се бореле раме до раме со сириските провладини трупи, а повеќе од 100 се повредени. Како голем сојузник на сирискиот претседател Башир Асад, Хизбула има интерес неговиот режим да опстане и затоа испраќа трупи преку граница како испомош на војската.

Сириската опсерваторија за човекови права, која ја следи војната во Сирија, извести и дека бунтовниците имале 50 жртви, вклучувајќи и двајца команданти.

Интензитетот на борбите покажува колку градот е важен и за двете страни зашто го спојува главниот град Дамаск со Медитеранот, област во која живеат Алавитите, секта на која и припаѓа и Башир Асад.

Кусеир, во кој мнозинството се Сунити, кои, пак, се спротивставуваат на владеењето на Асад, служи како место за трансфер на пратки со оружје и други добра, кои се шврецуваат од Либан за бунтовничките борци во Сирија.

Трупите на режимот и на Хизбула, извршија опсада врз Кусиер минатата недела и ги зазедоа селата во околината. Сега се смета дека во градот има околу 40.000 луѓе.

Војници на Хизбула вчера го окупираа центарот на градот во период од неколку часа, а денес борбите се префрлија во северниот дел. Официјалниот гувернер на бунтовничката провинција Хомс, кој е од страната на режимот, вели дека градот е веќе 60 отсто во рацете на војската, но бунтовниците, пак, велат дека војската не напредува, туку дека се уште се обидува да влезе во градот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.