Тирус Вонг, човекот кој го нацрта Бамби и му даде живот на екраните, почина на возраст од 106 години, најавија денес американските медиуми повикувајќи се на Фејсбук страната на Вонг и соопштението на Музејот на Волт Дизни.
Вонг како дете ја напушти Кина и со татко му се пресели во Калифорнија. Во 1938 година тој стана цртач во студиото на Волт Дизни и беше автор на стотина епизоди на цртаниот филм за Мики Маус.
Негово ремек дело остана да биде Бамби, приказната за малата срна која остана без мајка. Филмот за Бамби се појави во кината во 1942 година а потоа Вонг го напушти студиото Дизни и работеше за Варнер се до 1968 година кога беше пензиониран.
Во 2001 година тој влезе на прочуената листа на “Дизни легендите”,