Тони Крос се издвои од вообичаените желби и новогодишни честитки и преку својот „Твитер“ налог направи да биде поразличен и оригинален. Германскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид го одбележа влезот во 2017 година со порака што наиде на одобрување кај неговите сонародници и фанови, но и се сфати како провокација меѓу Бразилците.
На првите две бројки (20) ги додаде бразилското знаме како замена за 1 и германското како замена за 7 со што алудираше на историската победа на „панцерите“ над „кариоките“ со 7:1 во Бело Хоризонте во полуфиналето на Светското првенство во Бразил. Два од седумте гола на Германците во тој меч беа негово дело. Германија, подоцна, ја совлада и Аргентина со 1:0 и ја освои титулата.