Во експлозијата во фабриката за динамит во источната кинеска провинција Шандонг, загинаа 13 луѓе, а 20 се водат за исчезнати, објавија денеска кинеските државни медиуми.
За време на експлозијата, што се случи вчера во фабриката која е во сопственост на Поли Експлозиви, 19 лица се повредени од кои двајца се здобиле со потешки повреди.
Спасувачите се уште трагаат по исчезнатите, а денес и започнале со чистење на земјиштето. Годишно ниво во фабриката се произведува околу 30.000 тони динамит.