Во организација на Здружението „Археологика“ денеска се отвори првиот археолошки парк во Македонија на локалитетот „Градиште (Владетелска гробница) во село Бразда во подножјето на Скопска Црна Гора.
Тимот на Археологика со месеци работеше овој уникатен споменик на културата, кој беше запуштен и недостапен за посетители, а со цел да прерасне во една нова културно – туристичка атракција во непосредна близина на Скопје.
Проектот “Архео Парк Бразда” беше реализиран од тимот на Археологика со поддршка на АД ЕЛЕМ од програмата за општествена одговорност. Како помагатели учествуваа и Музеј на Македонија, Зелената Арка, САЗ Аксиос, Македонски шуми, Image Plus, локалното население и др.