Оливие Жиру одново во улога на спасител на Арсенал. Французинот постигна гол во 89 минута, по асистенција на Перез, за комплетен пресврт и конечни 2:1 за „топчиите“ на гостувањето против Престон во третото коло во англискиот ФА куп. Првиот гол за гостите од Лондон беше дело на Арон Рамси во 46 минута, почесниот за членот на Чемпионшип дивизијата го даде Робинсон уште во седмата минута.
Жиру во изминатиот период во два наврата беше таличен за Арсенал. Со реализација во 88 минута ги сочува трите бода на „Емирати“ во дуелот со ВБА (1:0), а во втората од судиското продолжение ја ублажи бламажата на „топчиите“ против Борнмут (3:3).
Три премиерлигашки екипи се елиминирани од послабо рангирани противници во ФА купот. Третата рунда не ја минаа Стоук по поразот (0:2) на домашен терен од Вулверхемптон, потоа тимот на ВБА кој во Бирмингам загуби од Дерби со 1:2 и Борнмут чии фудбалери беа изненадени од Милвол со 3:0.
ФА Куп
Резултати, 3. коло
Престон – Арсенал 1:2
Виган – Нотингем Форест 2:0
ВБА – Дерби 1:2
Вотфорд – Бартон 2:0
Сандерленд – Барнли 0:0
Стоук – Вулверхемптон 0:2
Квинс Парк Ренџерс – Блекбурн 1:2
Норич – Саутемптон 2:2
Милвол – Борнмут 3:0
Хал – Свонси 2:0
Евертон – Лестер 1:2
Болтон – Кристал палас 0:0
Бирмингам – Њукасл 1:1
Манчестер јунајтед – Ридинг 4:0
Вест Хем – Манчестер сити 0:5
Недела
Кардиф – Фулам
Ливерпул – Плимут
Челзи – Питерборо
Мидлсборо – Шефилд Венздеј
Тотенхем – Астон Вила
Понеделник
Кембирџ јунајтед – Лидс