Снимки од безбедносните камери се појавија на јутјуб платформата и го прикажуваат моментот кога камионот го извршува нападот врз групата израелски војници додека тие стојат надвор пред автобусот. Медиумите во Израел веќе го објавија името на напаѓачот. Станува збор за 28 годишен палестинец, Фади ал Канбар, по потекло од палестинската област Јабел Мукабер во Ерусалим.
Напомена: Видеото може да биде вознемирувачко.
https://youtu.be/mrwjXBpcwIw
Најмалку 4 луѓе загинаа, а 15 се ранети при напад „терористички напад“ во Ерусалим, вели портпаролката на израелската полиција. Станува збор за запален камион кој влетал во група израелски војници во источниот дел на Ерусалим. Полицијата соопшти дека возачот на камионот бил застрелан при самиот напад. Од септември до сега 40 израелски војници се убиени при индиценти и над 200 Палестинци се убиени од страна на израелските сили за безбедност.