НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Камерон бара глобална акција против даночните раеви

0
By Нова ТВ on May 22, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британскиот премиер Дејвид Камерон бара глобална акција за да се спречат даночните измами и неплаќањето данок, преку т.н. рајски места за одбегнување на оданочувањето.

Како што пренесува МИА, во изјава за лондонските медиуми, дадена пред денешниот самит на ЕУ посветен на даночната и енергетската политика на земјите-членки, Камерон нагласи дека е потребна агресивна акција на Унијата против даночното затајување, откривајќи дека за тоа ќе се расправа и на годинешниот самит на групата Г8, што во јуни ќе се одджи во Северна Ирска.

Камерон претходно, со писмо, побара од властите во британските прекуморски територии, како Кајманските и Девствените острови, Гибралтар и островот Ман, кои се познати како „рајски места“ за неплаќање данок, да ги потпишат меѓународните спогодби околу даночната политика.

Официјален Лондон го поддржува барањето на Европската комисија за размена на податоци меѓу даночните власти на земјите-членки, околу даноците, нудејќи го моделот на САД за прекугранична размена на вакви сознанија и информации.

Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Шпанија веќе тестираат еден ваков систем за да утврдат како тој ќе функционира. Овие пет земји се надеваат дека тој ќе може да стапи во сила веќе до крајот на оваа година.

Британските власти беа критикувани од Австрија дека заговараат уривање на досегашните бариери околу тајноста на депозитите и сметките во банките, но дека ги „користат благодетите“ на своите прекуморски територии со сметките во тамошните банки, кои се „под капата“ на британскиот финансиски и банкарски систем.

Владата во Виена одбива да се приклучи кон земјите чии закони ја штитат тајност на нерезидентските депозити, како Швајцарија, Лихтенштајн и Монако, со цел да се обелоденува кои се луѓето кои чуваат пари во странство, за да одбегнат оданочување во своите земји.

Одбегнувањето плаќање данок ја чинат целата ЕУ еден билион евра секоја година.

Европскиот парламент со посебна резолуција во 2008 година побара средување на состојбите и елиминирање на „рајските места“ за затајување данок до 2020 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.