Утре, со почеток во 12 часот, во ресторанот „Пелистер“ ќе се одржи промоцијата на новиот албум на Дуо Скупи насловен „Мак саундс“ кој се состои од аранжмани на стари македонски песни и ора за флејта и виолина.
Композициите на Дуо Скупи се аранжирани од Ермал Мехмети.
„Дуо Скупи“ е формирано во 2006 година од страна на Јета Старова Мехмети и виолинистот и аранжер Ермал Мехмети и досега има успешно реализирано голем број настапи на значајни фестивали и културни манифестации во Македонија, во Европа и во САД. Освен поединечните награди, уметниците се добитници на големото признание „Истакнати музичари“ на натпреварот во Рагуса, Италија и на едно од најзначајните одличја во земјава, Наградата за хумани и музички активности „Мајка Тереза“.
Нивната програма опфаќа и дела од барокот, преку класиката до современи композиции.