Лино Червар го оквалификува поразот од Словенија на Светското ракометно првенство како заслужен. Селекторот е самокритичен и изрази незадоволство во вечерашниот настап во Мец. Македонија, вели тој, потфрли во многу елементи, беше надиграна, немаше цврстина во одбрана, ефекти изостанаа и со формација 6-0 и со формација 5-1 на што се надоврза и брзоплетост во нападот.
„Слабо почнавме. Одбраната 6-0 не даде резултат, па моравме да менуваме со 5-1, но и тоа не помогна. Противникот погодуваше од сите позиции, ние промашувавме од сите. Условно речено послабиот противникот треба да покаже поголемо срце што не беше случај денеска. Шанса во второто полувреме добија и помладите. Бевме надиграни и Словенија заслужено победи“, истакна Червар.
Македонија утре е без обврски на првенството. Настапите за „црвено-црните“ продолжуваат во среда вечер (20,45 ч.) против Шпанија.