Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осомничениот за новогодишниот масакр во Истанбул ја призна вината

0
By Нова ТВ on January 17, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 17, 2017 09:57

Осомничениот напаѓач во клубот „Реина“ во Истанбул за новогодишната ноќ ја признал вината, соопшти изутринава гувернерот на Истанбул Васип Сахин.

Тој беше уапсен ноќеска. Во нападот во новогодишната ноќ беа убиени 39 луѓе.

Две недели по нападот во клубот „Реина“, осомничениот напаѓач 34- годипниот Абдулгадир Машарипов, е фатен во истанбулскиот кварт Есенјурт, јавија турските медиуми, каде бил со својот четиригодишен син.

Уапсен е во заедничката акција на полицијата и турската тајна служба, а според турската телевизија, уапсени се и три жени и маж по потекло од Киргистан.

https://www.youtube.com/watch?v=iufkQBTP60Y

Според гувернерот на Истанбул, Машарипов е од Узбекистан и наводно припаѓа на централноазиска ќелија на Исламска држава и е познат под името Абу Мохамед Хорас.

Сахин го откри и идентитетот на напаѓачот, иако претходно турската влада  одбиваше.

Турските медиуми за апсењето пишуваат дека е апсолутен успех, меѓу другото и затоа што осомничениот е фатен жив.

На адреса во Истанбул беа откриени 150 000 долари, кои според властите биле “платата” за напаѓачот.

Првата фотографија од уапсениот ја објави приватната новинска агенција Доган.

Напаѓачот упадна во познатиот истанбулски клуб „Реина“ на новогодишната ноќ и пукаше врз присутните, при што уби 39 лица, од кои 26 се странци. Десетици други се повредени.

Напаѓачот успеа да избега, а одговорноста ја презеде Исламската држава наводно како одмазда за воените дејства на Турција во Сирија.

Истанбул Машашипов Реина уапсен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.