Германката Анџелик Кербер се пласира во третото коло на Австралија опен. Бранителката на титулата, во вториот меч во Мелбурн, ја совлада Карина Витхефт со 6:2, 6:7, 6:2 за разубавување на нејзиниот 29 роденден. Два часа и 10 минути ѝ требаа за кршење на отпорот на нејзината сонародничка пришто направи и седум брејка. Нејзина следна ривалка е чешката тенисерка Кристина Плишкова, 58 тенисерка во светот.

Настап во третото коло осигура и Венус Вилијамс. Американската ветеранка беше подобра од Стефани Фогел, тенисерка која ја елиминира Лина Ѓорческа во финалната рунда квалификаци, со 6:4, 6:3. Престој на гренсемот, меѓудругите, продолжија и седмата носителка Гарбине Муруруза од Шпанија, Русинката Светлана Кузнецова (8 носителка) и Србинката Јелена Јанковиќ.
Сорана Кирстеа од Романија ја совлада Карла Суарез Наваро, 10 фаворитка кај дамите, со 7:6, 6:3.
Енди Мареј, Роже Федерер и Томаж Бердих обезбедија нови настапи во Мелбурн по мечевите во три сета во второто коло. Првиот светски рекет беше подобар од Русинот Андреј Рублев со 6:3, 6:0, 6:2, Швајцарецот го елиминира Ноа Робин од САД со 7:5, 6:3, 7:6, а Чехот со 6:3, 7:6, 6:2 триумфира против Харисон.

Тројца од носителите на Австралија опен го завршија учеството на турнирот. Меѓу нив и две звучни имиња. Британецот Даниел Еванс славеше во мечот со седмиот фаворит Марин Чилиќ со 3:6, 7:5, 6:3, 6:3 и за првпат во кариерата ќе заигра во трето коло на Австралија опен. Италијанецот Андреа Сепи, пак, го порази домашниот тенисер Ник Кирјос со 1:6, 6:7, 6:4, 6:2, 10:8.
Австралија опен, 2. коло
Жени
Кербер (1, Германија) – Витхефт (Германија) 6:2, 6:7, 6:2
Кр. Плишкова (Чешка) – Бегу (27., Романија) 6:4, 7:6
Бушар (Канада) – Пенг (Кина) 7:6, 6:2
Вандевеге (САД) – Парментие (Франција) 6:4, 7:6
Кирстеа (Романија) – Наваро (10., Шпанија) 7:6, 6:3
Риске (САД) – Жанг (20., Кина) 7:6, 4:6, 6:1
Севастова (32., Летонија) – Кучова (Словачка) 6:3, 6:4
Мугуруза (7., Шпанија) – Крафорд (САД) 7:5 6:4
Барти (Австралија) – Роџерс (САД) 7:5, 6:1
Бартел (Германија) – Пуиг (29., Порторико) 6:4 6:4
Дуан (Кина) – Лепченко (САД) 6:1, 3:6, 10:8
В. Вилијамс (13., САД) – Фогел (Швајцарија) 6:3, 6:2
Свитолина (11., Украина) – Босеруп (САД) 6:4, 6:1
Павлјученкова (24., Русија) – Вихљанцева (Русија) 6:2, 6:2
Јанковиќ (Србија) – Гергес (Германија) 6:3, 6:4
Кузнецова (8., Русија) – Форлис (Австралија) 6:2, 6:1
Мажи
Мареј (1., В. Британија) – Рублев (Русија) 6:3, 6:0, 6:2
Квери (31., САД) – Де Минаур (Аргентина) 7:6, 6:0 6:1
М. Зверев (Германија) – Изнер (19., САД) 6:7, 6:7, 6:4, 7:6, 9:7
Јазири (Тунис) – Бублик (Казахстан) 6:2, 6:3, 7:5
Бердих (10., Чешка) – Харисон (САД) 6:3, 7:6, 6:2
Федерер (17., Швајцарија) – Робин (САД) 7:5, 6:3, 7:6
Лацко (Словачка) – Села (Израел) 2:6, 6:3, 6:2, 6:4
Нишикори (5., Јапонија) – Шарди (Франција) 6:3, 6:4, 6:3
Вавринка (4., Швајцарија) – Џонсон (САД) 6:3, 6:4, 6:4
Троицки (29., Србија) – Лоренци (Италија) 6:3 1:6, 7:6, 3:6, 6:3
Дарсис (Белгија) Шварцман (Аргентина) 6:3, 6:3, 2:6, 6:4
Сепи (Италија) – Кирјос (14., Аргентина) 1:6, 6:7, 6:4, 6:2, 10:8
Цонга (12., Франција) – Лајовиќ (Србија) 6:2, 6:2, 6:3
Сок (23., САД) – Качанов (Русија) 6:3, 6:4, 6:4
Еванс (В, Британија) – Чилиќ (7., Хрватска) 3:6, 7:5, 6:3, 6:3
Томиќ (27., Австралија) – Естрела Бургос (Доминиканска Република) 7:5, 7:6, 4:6, 7:6