Тенис во Квинс: Победнички кам-бек на Енди Мареј на АТП турот

Британецот заедно со Фелисијано Лопез славеа во дубл над Колумбијците Кабал и Фарах, први носители, со 7:6, 6:3. За поранешниот светски рекет број 1 ова беше прв настап по Австралија опен во јануари и операцијата на колкот

Мареј по новата операција: Имам метален колк, се надевам дека е крај на болките

Шкотскиот тенисер се јави на Инстаграм со фотографии во болнички кревет по зафатот и изрази надеж дека болките ќе исчезнат и квалитетот на животот ќе биде подобар, но малку е веројатно дека ќе може да продолжи со тениската кариера. Познавачите велат дека би можел повторно да заигра, но како учесник во дубл мечеви, а не и во синг

Австралија опен: Мареј во солзи се збогува со Мелбурн, Шарапова моќно до второ коло

Роберто Баутиста Агут го доби четиричасовниот маратон против поранешниот светски рекет број еден со 6:4, 6:4, 6:7, 6:7, 6:2 за кого ова можеби е последен настап на првиот гренслем во сезоната поради неподносливите болки во колкот. Најави дека можеби ќе оди на нова, покомплицирана, операција што, сепак, нема гаранции дека повторно би можел да заигра на највисоко ниво. Русинката без загубен гем ја „исчисти“ Британката Хариет Дарт

Тенис: Дел Потро се повлече од Австралија опен, Мареј слави прва победа по септември

Аргентинецот сè уште не е доволно опоравен од фрактурата на чашката на коленото (патела) поради што мораше да ги извести организаторите дека нема да настапи на гренслемот во Мелбурн. Британецот во рамки на првото коло на АТП турнирот во Бризбејн го совлада домашниот тенисер Џејмс Дакворт со 6:3, 6:4

Играше и „се распадна“: Мареј го предаде Вашингтон, го откажа Торонто

Британецот во изминатата недела се појави на турнирот во Вашингтон. Одигра три меча во три сета, но четвртиот го дочека со солзи во очите и не беше во можност да одработи, па полуфиналист без борба стана Австралиецот Алекс де Минаур

Тенис: Мадрид без Серена Вилијамс, Ролан Гарос без Енди Мареј

Американката се повлече од Мастерсот во Шпанија со образложение дека сè уште не е во препознатлива форма по породувањето, Британецот, пак, го прескокнува најголемиот турнир на земјена подлога поради рехабилитација по операцијата на колкот