НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Челзи Менинг: Од чесен војник до американски државен непријател

0
By Нова ТВ on January 18, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Филмската животна приказна на Челзи Менинг, трансроден војник и несреќен борец за вистина, доби нов пресврт, кој по многумина е најправеден.

Тоа жешко мајско утро во Багдад во 2009 година, тогаш 22-годишниот американски војник Бредли Менинг реши на светот да му открие доверливи тајни на САД, со чија политика и дела не се согласуваше.

Благодарејќи нему, Викиликс го објави најголемиот обем на доверливи документи коi некогаш излегле во јавноста. Меѓу нив се и 250.000 американски тајни депешеа и уште половина милион воени документи кои во светот станаа познати како „Воени дневници од Ирак и Авганистан“.

Речиси 10 години подоцна, од кои скоро девет помина зад решетки во американскиот затвор Форт Левенворт, во неговиот живот се случија многу работи. Пред се, Бредли го промени полот и стана Челзи.

Неколку пати Челзи поради енормен притисок се обиде да изврши самоубиство во затворот. Јавноста беше поделена: една страна ја сметаше за предавник, обвинувајќи ја дека нејзините објави биле катализатор за почеток на Арапската пролет, а потоа и хаосот на Блискиот исток.

Другата страна, пак, ја сметаше за херој кој на светот му откри воени злосторства кои американските војници ги направиле во Ирак и Авганистан, како нападот на Багдад, кога американските „апачи“ масакрираа група од десет мажи меѓу кои и репортери на „Ројтерс“. Исто така, благодарејќи на Менинг јавноста дозна за масакрот во Гранаи, кога американската војска ликвидираше меѓу 86 и 147 авганистански цивили.

Трети се прашуваа како е воопшто можно еден психички нестабилен млад аналитичар заробен во туѓо тело да дојде до најчувствителни државни тајни и да ги пушти во јавност.

Американскиот суд немаше милост и ја осуди Менинг на 35 години затвор. Но, поради силните апели и отворени писма што ги потпишаа стотина академици и јавни личности за ослободување на Челзи, претседателот на САД, Барак Обама реши дека на самиот крај на својот мандат ќе ја помилува Менинг.

Таа на слобода ќе излезе во мај, а за таков епилог можеби најмногу треба да му заблагодари на Џулијан Асанж, кој вети дека ќе се предаде кога таа ќе биде ослободена.

Радоста и, по многумина, праведна разврска би можела да ја расипе Доналд Трамп, кој најави дека ќе ја поништи одлуката на Обама. Челзи, Асанж и сите оние за кои вистината и транспарентноста се на прво место се надеваат дека новиот американски претседател ќе се предомисли.

Барак Обама Доналд Трамп Челзи Менинг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.