Санија Мирза ужива голем углед во тенискиот свет, но не и во својата земја. Чести се забелешките за облеката со која настапува на турнирите. Така е од нејзиното појавување на ВТА турот и ништо поразлично не е ниту за ова издание на Австралија опен.
На нејзините фанови – сонародници им пречи должината на фустанчетошто го носи за време на натпреварите. Поточно сметаат дека е прекратко и веруваат дека Мирза треба да игра во бурка, традиционална муслиманска носија. Во контекст на тоа, дел од Индијците сметаат дека втората тенисерка во светот во дубл треба да го напушти тенисот ако не може самата да го избира својот аутфит.
„Ако спортот бара од жената да се откже од бурка, тогаш не треба ниту да учествува во него. Санија, мораш да пронајдеш адекватна гардероба. Дали е ова легално“, е ставот на Саид Рашид, локален свештеник од Индија.