Со огномет и доделување на наградите од меѓународната детска ликовна изложба синоќа во Битола беше отворено 32. издание на Малиот битолски Монмартр. На него учествуваат 80 млади ликовни творци и педагози од 30 земји во светот.
Меѓу нив деца и нивните ликовни педагози од Португалија, Кина, Украина, Србија, Турција, Русија, Романија, Словенија, Словачка и за прв пат од Египет, кои им честитаа на учениците од основното училиште „Спишска Бела“ од Словачка на кои им беше врачено највисокото фестивалско признание, наградата „Гран При 2013“
Тие пет дена ќе ја цртаат типичната македонска архитектура во Битола, Охрид, Крушево и Бабино. Најбројни се учесниците од Хонг Конг, а годинава за првпат има гости и од Египет