“Да го избркаме Трамп”, ечеше на “Женскиот марш” во Вашингтон, во повеќе американски градови – Денвер, Њујорк, Бостон, Чикаго или Лос Анџелес, во Синдеј, Лондон, Париз, Прага, Берлин, Женева, Амстердам, во Белград, во Приштина, во Јужна Африка… Во дури 37 земји.
Со розови капи со уши на мачка стотици илјади лица а најмногу жени учествуваа на овие маршови. Розовите капи на англиски се викаат “pussy hats”. Зборот “pussy” означува домашно животно како мачка а може да означи и жена. Тоа е зборот што Доналд Трамп го употреби во едно видео каде се прави важен што успеал да ги фаќа “мачињата” на жените.
На Косово целта на маршот е осуда на употребата на сексистички речник од страна на косовските политичари, велат организаторите.
“Пораките на Доналд Трамп за време на кампањата не влијаеја само на жените во Америка, туку и во целиот свет”, рекоа организаторите.
Активистки од феминистички и антифашистички движења денеска во центарот на Белград организираа „Женски марш против фашизмот“, сакајќи со тоа да укажат на растот на десничарските политички сили секаде во светот и на загрозувањето на правата на жените.
Со розови капи стотици илјади жени и мажи се собраа низ сите овие градови за да покажат дека имаат намера да ги бранат своите граѓански права доколку новиот претседател на САД Доналд Трамп одлучи да посегне по нив, како на пример правото на абортус.
Но се протестираше и против другите политики што ги најави Трамп, како изгрдба на ѕид кон Мексико, негова анти имиграциска политика или политиката која најавува прекин на борбата против климатските промени.
Протестите почнаа по еден повик на Фејсбук кој дојде од Тереза Шук, жена во пензија. Одѕивот на овие протести сведочат за фрактурата на американското општество. Еден негов дел го поздрави доаѓањето на Трамп. Другиот дел се противи на неговите планови.
Најмногу луѓе имаше во Вашингтон. Податоците на јавниот транспорт на Вашингтон, 275.000 луѓе се качиле на метро изутрината што е 50 отсто повеќе од бројот на тие кои влегле во метро за да одат на положувањето на заклетва на Трамп. Според заменикот градоначалник на Вашингтон на маршот тврдат дека имало помеѓу 200.000 и 500.000 луѓе.
Помеѓу демонстрантите бил и Џон Кери, довчерашен министер за надворешни работи на САД.
Според Њујорк Тајмс, на инаугурацијата на Трамп имало одвај третина од бројот на луѓето кои дојдоа на заклетвата на Обама во 2009 година кога беа избројани 1.8 милиони луѓе.
Поразената претседателска кандидатка Хилари Клинтон го поддржа маршот преку Твитер велејќи дека треба «надеж а не страв», «станете, изразете се и марширајте за нашите вредности на @womensmarch, важен како никогаш досега. Мислам дека ние навистина сме секогаш посилни заедно».
Повеќе познати личности се појавија на маршот како режисерот Мајк Мур, актерката Скарлет Јохансон а големо изненадување беше Мадона која се појави ненајавена.
“Дали сте подготвени да го застресете светот? Добредојдовте во револуцијата на љубовта!”, извика Мадона пред да испее две песни во Вашингтон.
Трамп досега не реагираше на овој протест и на неговиот Твитер профил немаше ништо по овој повод.
Во последните 40 години ниту еден претседател на САД не предзвикал толку протести при преземањето на функцијата.
Вашингтон
Вашингтон
Вашингтон
Лондон
Париз
Рим
Сиднеј
Сиднеј
Приштина
