Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека наскоро ќе разговара со лидерите на Канада и на Мексико за Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА).
-Ќе ги започнеме преговорите во врска со НАФТА. Повтроно ќе започнеме преговори за НАФТА, за имиграцијата и за бебедноста на границите, изјави Трамп.
Трамп ова го изјави обраќајќи се на персоналот во Белата куќа, на вториот ден од преземањето на функцијата.
НАФТА стапи на сила пред 23 години.
Трамп и во текот на кампањата рече дека ако биде избран за претседател повторно ќе преговара за овој договор за да обезбеди поповолни услови за САД.
Датумот на средбата со канадскиот прмеиер Џастин Трудо не е објавен.