Судењето за случајот „Поткуп“ е одложено за 23 февруари. Причината за тоа е барањето за изземање на обвинителот Златко Биковски, кое во меѓувреме стигнало до Обвинителствотоод каде ќе се произнесат во рок од три дена.
Претходно, судот даде пауза од два часа откако одбраната на лидерот на СДСМ Зоран Заев, побара изземање на обвинителот Биковски, кој пак дојде да го замени претходниот обвинител Владимир Милошевски, кому му е истечен мандатот. Одбраната на Заев бараше изземање на Биковски поради тоа што според неа тој е дел од „злосторничко здружување“ и од политички причини сака да му наштети на Заев како шеф на опозицијата.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев, според обвинителниот акт, се товари за барање и примање поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев.