Најмалку 17 деца изгореа до смрт откако гас цилиндар експлодираше на нивниот школски автобус во источен Пакистан, јавува Би-Би-Си.
Најмалку седум деца се однесени во болница по експлозијата, која предизвика автобусот да се запали. Инцидентот се случил во предградието на градот Гуџрат.
Локалните медиуми ја цитираа полицијата дека возачот ја преживеал експлозијата.
Гуџрат е околу 200 километри југо-источно од главниот град Исламабад.
Компресиран природен гас се користи во милиони возила во Пакистан како поевтина алтернатива на дизел и бензин.
За бројни претходни експлозии на возило се обвинуваат супстандардните цилиндри користени за чување на горивото.