НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тасева: Ескалира проблемот со корупцијата, институциите се заробени

0
By Влатко Чаловски on January 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според Индексот на перцепција на корупција, Македонија бележи фрапантен пад од 24 места и од 2015 година, во 2016 е рангирана на најниското досега за нас – 90 место.

Индексот кој денес го објави „Транспаренси Интернешнл“, покажува дека од 176 земји колку што се рангирани во 2016 година, најдобар резултат имаат Данска и Нов Зеланд.

Ако се анализираат податоците за земјите од Балканот, Македонија е најлошо рангирана, а воедно е и дел од десетте земји кои бележат најголеми падови во однос на претходните рангирања во ист кош со земји како Мозамбик, Тринидад и Тобаго, Белорусија, Суринам и други. Словенија од друга страна е лидер на Балканот.

Според првата жена на Транспаренси Интернешнл во Македонија, Слаѓана Тасева, проблемот со корупцијата ескалира додека власта ги занемарува сите укажувања за овој проблем.

– Владата на Република Македонија, која повеќе години водеше политика заснована на клиентелизам и интереси, не само што ги занемаруваше сите укажувања за ескалација на проблемот со корупцијата, туку со воспоставување на системот на заробена држава го оневозможи работењето на институциите задолжени за борба со корупцијата, констатира Тасева.

Таа апелира дека овој систем мора да се промени што поскоро со систем во кој ќе владее правото, додека институциите ќе бидат ефикасни и ќе преземат сериозни мерки за справување со корупцијата како проблем од висок приоритет.

Истражувањето го презентира Дона Димов, истражувач на ТИ

Индексот на перцепција на корупцијата се прави врз основа на проценката на експертите, претставници на институциите и на бизнисмените, заедно со истражувањето што го спроведува секоја од седум меѓународни организации.

За анализата од 2016 година, земени се резултатите од седум нови истражувања кои покажуваат дека корупцијата е согледана како сериозен проблем за развој на економијата, за владеењето на правото, за странските инвестиции и за стабилноста на демократијата.

– Недопирливоста на одговорните за корупција е секојдневие кое треба да се искорени а ланецот на корумпираност во високите ешалони на сите власти да се прекине. Тоа е одговорност на Претседателот на државата, на новоизбраните пратеници, на оние кои ќе формираат влада, на вработените во институциите и судството, вели Тасева.

Индекс на перцпеција на корупција Македонија фрапантен пад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.