Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши првото издание на Аква Парк фест

0
By on May 26, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 26, 2013 14:27

Во 6 часот утринава, со спектакуларниот настап на легендарниот Пол Ван Дајк, заврши првото издание на Аква Парк Фест.

За два дена низ аква паркот во Пробиштип промаршираа повеќе од 15 илјади млади луѓе, кои на двете бини на фестивалот ги проследија омилените артисти, се забавуваа во аква паркот, создадоа одлична атмосфера со екстравагантниот фестивалски изглед , се спуштаа по тобогани и уживаа во чил-корнерот и кампот. Последната ноќ ја одбележа трииполчасовниот настап на еден од најзначајните луѓе во историјата на електронската денс музика, Пол Ван Дајк, кој директно од Ибица дојде на Аква Парк Фест, на еден од неговите ретки настапи во Европа оваа сезона.

На главната фестивалска бина вчера вечер настапи и исклучително енергичниот и бунтовен пост-панк бендот „Bernays Propaganda“ веднаш по нивната деветнеделна европска турнеја. Уникатните „Фолтин“ уште еднаш покажаа зошто нивниот препознатлив музички израз е омилен кај публиката, додека пак енергичниот звук на хардкор легендите „Smut“ буквално ја затресе главната бина. Посебно концертно доживување беше неверојатниот музички талент кои на сцената го донесе Сашко Костов &TWW и настапот на „Foolish Green“ кои кратко по објавувањето на првиот албум „Esacpe“ веќе имаат бројна публика.

Незаборавна вечер на Аква Парк Фест беше и петокот, со маестралниот концерт на Кирил Џајковски кој ја круниса главната бина таа вечер. Одлична журка беше двочасовниот сет на светската диџеј ѕвезда Mark Knight, пред масовната публика која потоа го дочека првото изгрејсонце на Аква Парк Фест со холандската денс-атракција „Sunnery James & Ryan Marciano“.

Вистинската еуфорија таа вечер предизвикаа „Суперхикс“ на кои им успева да го надминат врвот на концертната фешта, додека регионалните миленици „С.А.Р.С.“ се чини имаа еден од најдобрите концерти кои ги одржале до сега кај нас.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.