Новата композиција на Златко Ориѓански насловена „Си беше еднаш…“ е на текст на композиторот и на младиот поет Дарко Лешовски, исклучително популарен на социјалните мрежи.
Снимена е во студиото Тра ла ла, во продукција на Мите Димовски. Музичарите кои учествуваат се Пеце Христовски-саксофон, Благојче Трајковски -кларинет,Илија Филиповски-виолина, Душко Божиновски -хармоника и Славчо Коцев-ударни.
Авторите најавуваат и албанска верзија на песната.