Професорот по уставно право, Светомир Шкариќ, во интервју за НОВАТВ објаснува дека претседателот Ѓорѓе Иванов, го прекршил Уставот кога му го дал мандатот за составување влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Во Уставот во член 90 пишува:
Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.
Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Во видеото погледнете го толкувањето на професорот Шкариќ.