Британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет коментирајќи ги политичките случувања во земјава денеска изјави дека многу од работите зависат од тековните состаноци и разговори.
-Ситуацијата се уште не е решена, партиите работат на составување влада и ги истражуваат сите можности врз основа на изборите на 11 декември, изјави Гарет, одговарајќи на новинарски прашања.
Тој изрази надеж дека со идната влада ќе можат да работат на спроведување на реформите.