Организаторите на 12. издание на „OFF фест“ кој стартува во петок, а ќе трае до 6 јуни ги соопштија деталите за годинешнава програма.
Индиската музичарка Анушка Шанкар, ќерка на починатата легенда на ситарот, Рави Шанкар и една од водечките личности во светот музика денес, која ќе настапи на отворањето во Универзална сала, без сомнение е ѕвездата на годинашното издание на фестивалот. Таа ќе го претстави својот најнов проект „Traveller“.
Но, доаѓаат и магичните турски мајстори „Таксим трио“, меѓународно реномираните словенечкиот пејач Брина и мароканско – сенегалскиот секстет „University of Gnawa“ предводен од Азиз Самауи. Потоа извонредната група од Колумбија „Ondatrópica“, револуционерниот фински хармоникашот Кимо Похјонен, кој веќе има настапувано на Скопскиот џез фестивал и групата од Јужна Кореја, „Тори ансамбл“.
Од Македонија, ќе настапат Горан Трајковски и Елена Христова со нивниот проект насловен „Биоскопија“
Оливер Белопета, директор на Џез фестивалот кој го организира и Оф фестот, во разговорот со НОВА, вели дека ваква музика не се пушта на македонските телевизии и радија, но и покрај тоа фестивалот веќе има создадено своја публика.
Тој апелира некој во државата да се сети да направи и летна сцена, за која се зборува цели 15 години.
Инаку, како што дознаваме, главната ѕвезда на фестивалот , Анушка Шанкар, која во Скопје од Лондон ќе пристигне во петок вечер, имала скромни барања за настапот во Македонија, во комуникацијата била едноставна и не се однесувала како ѕвезда, каква што е на актуелната world music сцена.
ВИДЕО: Погледнете го спотот од новиот проект на Анушка Шанкар