Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стигнаа лекови, од утре ќе се отворат салите на ортопедија

0
By Менче Атанасова Точи on February 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 1, 2017 19:55

Од утре, по два дена застој, операционите сали на Клиниката за ортопедија ќе бидат отворени и во нив ќе се оперираат пациенти, потврди за НОВА доктор Златко Темелковски раководител на клиниката. Тој рече дека со итна набавка стигнале неопходните лекови, антибиотици, анестетици, околу 900 инфузиони раствори и друг медицински потрошен материјал.

„ Од утре нема да има застој во работата. Пристигнаа тековните набавки кои доцнеа и сега имаме  се што ни треба. Писмото кое го објавивте беше начин на поостра комуникација со менаџментот за да се забрзаат набавките“, изјави за НОВА Темелковски.

Тој рече дека ТОАРИЛУЦ претставува голема клиника која што опфаќа четири работни единици, а тоа значи дека е голем потрошувач на медицински материјали и лекови, особено во овие климатски услови кога фрекфенцијата на повредени со  скршеници е многу зголемена. Набавките стигнаа откако НОВА објави дека  се затворени операционите сали и се откажани сите операции на Клиниката за ортопедија. Лекарите велат дека последната нарачка била направена во ноември минатата година.

НОВА  го објави и писмото со кое Темелковски вчера го известил менаџерскиот тим дека поради недостиг на лекови клиниката може да престане да функционира.

Сепак, на ортопедија се уште нема вештачки колена, колкови, протези, штрафови и се она што е  потребно за да се оперираат пациенти. Темелковски вели дека како раководител нема влијание на тендерот кој се договара во Министерството за здравство.

НОВА уште во октомври минатата година објави дека на оваа клиника  нема основни медицински материјали поради што се одлагаат операциите. Таму долго време се чека на медицински материјал кој е неопходен во текот на операциите. Лекарите од Стручниот колегиум уште тогаш тврдеа дека за повредните од сообраќајни незгоди клиниката позајмувала медицински материјали на реверс од веледрогериите.

 

лекови операции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.