НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај ортопедија: Економскиот директор не ги потпишал набавките

1
By Менче Атанасова Точи on February 2, 2017 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Операционите сали на Клиниката за ортопедија и денес останаа затворени иако пристигнале набавките со неопходните лекови. НОВА дознава дека причина за откажување на операциите е што економскиот директор Алекандар Стаменковиќ не ги потпишал нарачките за лекови и медицински потрошен материјал поради што се затворени операционите сали, а пет клиники останаа без лекови.

Иако нарачките биле навремено доставени до него од страна на медицинскиот директор Реџеп Селмани и раководителите, тој не ги потпишал, по што ситуацијата стана критична на сите пет клиники при се закануваше опасност да бидат откажани операциите на сите хируршки клиники. Ваквата ситуација драматично с е одразила  и на КАРИЛ кај најтешко болните каде што снемало тубуси за апаратите за вештачко дишење.

НОВА дојде до Записникот од состанокот на Стручниот колегиум  каде се дискутирало за алармантната состојба со лекови и медицински потрошен материјал, а на состанокот не бил присутен Стаменковиќ.

Во Записникот меѓу другото се вели дека „ситуацијата е алармантна од аспект на снабденост со медицински потрошен материја и лекови и ако веднаш не се преземат итни мерки за набавка постои опасност да бидат откажани операциите и на другите хируршки клиники поради недостаток од тубуси и друг потрошен материјал на анестезија“.

Стаменковиќ пак, вчера за НОВА кратко во СМС порака одговори дека операционите сали работат редовно согласно со оперативната програма.

„Ве известувам дека нема застој во работа и дека сите постапки за јавни набавки течат согласно планот за јавни набавки. Оперативната програма се одвива редовно и без застој“, изјави Стаменковиќ.

Откако НОВА објави дека Клиниката за ортопедија ги затвори операционите сали и ги откажа сите операции, тој ги потпишал набавките, а од клиниката не известија дека таму попладнето стигнале неопходните лекови. Но, хирурзите велат дека и денеска операционите сали се затворени и не се прават операции. Лекарите сметаат дека новата набавка ниту оддалеку не ги задоволува потребите бидејќи за да може да оперираат потребни се вештачки колкови, колена, протези, штрафови и се она што е  потребно за да се оперираат пациенти.

Ситуацијата дополнително се комплицира бидејќи секојдневно пристигнуваат нови пациенти кои се здобиле со скршеници на неисчистените улици со снегот. Лекарите велат дека на ортопедија нема листа за чекање бидејќи постојано кубират со медицински потрошен материјал, а тендерот од мината година никако да се реализира. Од тие причини пациентите за операција чекаат со месеци, а некои и цела година.

 

 

лекови. директор набавкки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.