Апелациониот суд во САД ја одби жалбата на министерството за правда во САД за итно враќање на сила на контроверзната заабрана за патување која ја донесе претседателот Доналд Трамп. Судот во Сан Франциско одлучи утрово. Министерството за правда има уште една можност да ја обжали и оваа одлука најдоцна до понеделник вечер.
Од Вашингтон жалбата ја темелеле на тврдењето дека одлуката на Трамп штетела на таа федерална единица, наведувајќи примери како студенти и работници кои се легално во САД, но привремено биле во тие држави.
На овие настани им претходи одлуката на федералниот судија Џејмс Робарт од Вашингтон, кој на оваа позиција беше именуван од републиканскиот претседател Џорџ Буш, а кој привремено ја блокираше извршната наредба на Трамп со што повторно овозможи влез во САД на жителите седум муслимански земји кои Трамп ги забрани.
Трамп го нападна судијата на „Твитер“ нарекувајќи го „таканаречен судија“ и „смешен“.