НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МНР бара став од Стејт Департмент за изјава на конгресменот Рорабакер

1
By Нова ТВ on February 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека преку Амбасадата во Вашингтон побара став од американскиот Стејт департмент за изјавите на американскиот конгресмен Дана Рорабакер изнесени во интервју за „Визион плус“ од Тирана.

„Конгресменот e член на Комитетот за надворешни работи и претседател на поткомитетот за европски работи. Неговите искажани ставови предизвикуваат голема вознемиреност околу Македонија и во регионот. Тие разгоруваат националистичка реторика во соседството, со што нѐ враќаат во минатото. Веруваме дека Стејт департментот соодветнo ќе отстрани секаква дилема околу изнесените позиции, како и дека ќе ја афирмира својата политика кон Македонија и Балканот“, пишува во реакцијата на МНР.

Во интервју за „Визион плус“ од Тирана, конгресменот Рорабакер изјави дека создавањето на македонската држава е пропаднат проект и сега биле создадени сите околности нејзините делови да им се дадат на соседните држави, вклучувајќи го и Косово и Бугарија.

„Мојот став е дека Македонија не е држава. Жал ми е, но не е држава. Тие се толку поделени што никогаш нема да бидат во можност да одат добро заедно. Затоа Косовците и Албанците во Македонија треба да биде дел од Косово, додека другиот дел на Македонија треба да стане дел од Бугарија или на која било друга земја за која тие тврдат дека се поврзани. Идејата е дека ние сакаме да ја држиме Македонија во живот, бидејќи некој пред 30 години одлучил дека тоа е конфигурација која треба да произлезе од растурањето на Југославија, но тоа нема да доведе до образложение дека оваа идеја сѐ уште држи“, изјави американскиот конгресмен.

На прашањето дали администрацијата на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ја поддржува идејата на Рорабакер, тој рекол дека има влијание врз американската надворешна политика и дека во иднина на седници на Комитетот за надворешни прашања ќе се разговара и за прашањето на промена на границите на Балканот.

Претходно Рорабакер му испрати писмо на српскиот претседател Томислав Николиќ во кое му предложи размена на територии во јужна Србија за северно Косово и Метохија, како решение за смирување на тензиите во овој дел на Балканот.

конгресмен МНР Стејт Департмент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.