Во Брисел денеска за првпат има средба на тимовите за имплементација на договорот меѓу Белград и Приштина додека паралелно ќе се води и експертски дијалог за електричната енергија и телекомуникациите.
Белградскиот тим го предводи шефот на владината канцеларија за Косово и Метохија Александар Вулин, воедно претседател на Одборот за имплементација на бриселскиот договор од 19 април.
Паралелено со разговорите за имплементација ќе се води и технички дијалог за електричната енергија и телекомуникациите.
Премиерот на Србија Ивица Дачиќ вчера во ЕП изјави дека бриселскиот договор ќе биде во целост спроведен, а рокот за постигнување финален договор за струјата и телефонијата би завршил до средината на јуни.